Во Охрид реализиран проектот „Улогата на полицијата во демократизацијата на општеството“

„Улогата на полицијата во демократизацијата на општеството“, е насловот на проектот што викендов во Охрид се реализираше во организација на Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) Оддел Македонија.

На денешните завршни сесии, ќе биде извршена презентација на тема „Односот на полицијата со јавноста на ниво на локална заедница“-дефинирање на основните поими и осврт на законската рамка во Република Македонија како и осврт на полициската организација и нејзиниот однос со јавноста во Република Македонија. Меѓу другите, во рамките на проектот беа направени и осврти по темите „Основни човекови права и слободи“, „Предизвици на полицијата во врска со основните човекови права и слободи“,„Кодекс на полициската етика“ и други.

Предавачи се релевантни полициски службеници од Министерството за внатрешни работи на Република Македонија.