Одржано 16то издание на Фестивалот „Канео фест“

На 2ри јули, во неделата, во Охрид се одржа 16то издание на Канеофест, фестивал – кој што продуцира 22 новокомпонирани народни композиции и 9 забавни мелодии. За прв Канеофест се одржа на отворена сцена на градското пристаниште каде што присутните слободно можеа да го следат музичкото шоу.

Гранд прито во фолк вечерта го доби Славка Младеноска, а во поп делот Мери Тодорова Младеноска. Не беа заборавени и постарите учесници на фестивалот каде што на Петар Нечески му беше доделена прва награда од жирито, а Здравко Кузески и Валентина Ѓоргиеска прва награда од публиката. Високонаградените од продукцијата ТВ Морис добија скромни подароци – икони од Св Наум, Св Климент и Св. Јован.

Фестивалот деновиве ќе биде емитуван на националната ТВ Сонце, ама и на повеќе локални и регионални телевизии- како што е ТВ Морис.