Загрижен охриѓанец упати допис до нашата редакција во кој стои:
„Овие диви продавачи на овошје и зеленчук ги има на секој чекор низ градот. Продаваат на улица, со прашина, овошјето се расипува и тука го фрлаат, мириса на сите страни, а плус е канцерогено, може да се затрујат луѓево. Како може вака? Срамота е, ќе се испоразболиме сите! Исто така, не плаќаат ниту даноци ниту ништо, а претставуваат и грда слика за туристите. Веќе е пријавено во сите инспекции, нека дојде инспекција нека види!“ – стои во дописот од нашиот загрижен граѓанин.
Никола Маркоски
*Ставовите во категоријата Писма/Колумни се лични ставови на авторите, за кои редакцијата на WebOhrid не сноси никаква одговорност.