Земјотресите предизвикаа оштетувања во манастирот Св. Петка во Велгошти

Како последица од силните земјотреси кои го зафатија охридскиот регион појавени се оштетувања на ѕидовите од фреските во манастирот Света Петка во Велгошти.

„Црковниот одбор од Велгошти контактираше со Дебарско-кичевската епархија. По укажувањата, оттаму ветија дека ќе се заложат за санирање на штетите. Бидејќи манастирот Св. Петка е во надлежност на Завод и музеј Македонија, тие бараат надлежните да преземат мерки за нивно решавање.“ – велат од Црковниот одбор Велгошти.

Оттаму додаваат дека Црковниот одбор стои на располагање на институциите и бара што побрзо да се санираат штетите, бидејќи овој божји храм е многу значаен, како за Велгоштани, така и за сите верници во Македонија.

WebOhrid