Скок од две места за Македонија на најновата ФИФА рејтинг листа

Според најновата ФИФА рејтинг листа Македонија забележа скок од +2 места и сега се наоѓа на 134 место. Овој напредок се должи на нерешениот исход 0:0 кој нашата репрезентација го одигра на 5 јуни на пријателскиот натпревар против Турција.

Промени има и на врвот од ФИФА рејтинг листата каде се искачи Германија, додека пак Бразил и Аргентина следуваат на второто и третото место.

Најголем скок изминатиот месец забележа репрезентацијата на Андора од +57 места се искачи на 129 место. Најголем пад забележа репрезентацијата на Намибија од -62 места и се најде на 156 место.

WebOhrid