Кривична пријава за малолетник поради телесна повреда

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда”, СВР Охрид поднесе кривична пријава против малолетно лице родено 2002 година од кочанското село Оризари.

Малолетникот, казненото дело го сторил на деветти јуни оваа година во 19 часот и 50 минути во стан во Охрид каде привремено престојувал со неговиот татко. Тука настанала меѓусебна вербална расправија во која малолетникот физички го нападнал својот татко Г.И. удирајќи го со тврд предмет. Од ударите, оштетениот се здобил со видливи повреди во пределот на левото уво.