Шкендија и Работнички одат во следната рунда од Лигата на Европа

Шкендија забележа победа од 0:4 на гостувањето против Дачија во Молдавија и со вкупен резултат од 7:0 оди во следната рунда од квалификациите за Лигата на Европа.

Работнички на домашен терен оствари победа од 6:0 против Тре Пене од Сан Марино и со вкупен резултат 7:0 оди во следната рунда од Лигата на Европа.

Пелистер поторно беше поразен од Лех Познан, овој пат во Македонија. Пелистер претрпе пораз од 0:3 и е елиминиран со вкупен резултат од 0:7 од овогодишното натпреварување во Лигата на Европа.

Во следната рунда, Шкендија ќе игра против ХЈК од Финска, додека пак Работнички ќе игра против Динамо Минск од Белорусија.

WebOhrid