Претставници на ВМРО-ДПМНЕ на средба со жители од охридско

Во рамки на партиската агенда на ВМРО ДПМНЕ за градот Охрид, за време на викендот 08 и 09.07.2017 година престојуваа партиски преставници на ВМРО ДПМНЕ предводени од Сашо Стефаноски како и пратеникот Др. Љубен Арнаудов.

Притоа, согласно агендата беа посетени месното население и заедници: Долно и Горно Лакочереј, село Подмоље како и Вапила и Ливоишта.

Ваквата пракса за поблизок контакт и средби со граѓаните ќе продолжи и понатаму на различни локации.