Никола Ѓорѓев позајмен во Твенте

Никола Ѓорѓев следната сезона ќе игра за холандскиот клуб Твенте. Тој ќе настапува како позајмен играч во наредните две сезони со опција за откупување на неговиот договор.

„Ова за мене претставува еден прекрасен нов чекор. Добивам шанса да играм во поголема лига. Подготвен сум!“ – истакна Ѓорѓев за официјалната веб-страна на Твенте.

Од Твенте велат дека Никола е талентиран играч кој го избрале и дека ќе треба да работи напорно за да го развие својот талент.

Имено, Никола Ѓорѓев е Македонец роден во Швајцарија. Тој помина преку младинската школа на Грасхоперс и на возраст од 17 години дебитираше во првиот тим. За Грасхоперс има одиграно 40 официјални натпревари и има постигнато четири голови. Ѓорѓев минатата година дебитираше за репрезентацијата на Македонија и одигра пет репрезентативни напревари. Минатиот месец, Ѓорѓев со Македонија играше на Европското првенство до 21 година.

WebOhrid / фото:fctwente.nl