Утрена богослужба со света литургија и причест во црквата Св.Никола за Петровден

По повод празникот посветен на Светите апостоли Петар и Павле (Петровден), утре, во црквата Св.Никола, Долна Влашка Маала ќе се отслужи Утрена богослужба со Света Литургија и причест.

Богослужбата ќе биде со почеток во 7:00 часот.

Од Црквата ги повикуваат сите верници на заедничко прославување на овие апостоли.