Засилен мониторниг на готовинскиот промет за време на ПивоФест Прилеп

Управата за јавни приходи ќе врши засилен мониторинг на готовинскиот промет, пред се заради превентивно делување во пресрет на најавените настани од спортски, културен и забавен карактер за време на летниот период (Супер куп, Пивофест, Струмица Опен фестивал и др.), но и заради подигнување на степенот на даночна усогласеност.

Според првичните анализи на податоците кои на дневна основа се добиваат и обработуваат преку ГПРС системот за следење на прометот на обврзниците, утврдени се значителни отстапувања кај определена категорија на даночни обврзници (325 најризични и високо ризични), особено услужниот сектор (хотели, хостели, мотели, ресторани, кафани, барови, превоз и др.). Дополнително, утврдени се низа случаи на прикривање на реално оставениот промет, со цел намалување на данокот. Карактеристични се појавите во угостителската дејност каде на потрошувачите им се издаваат т.н. ,,компјутерски” сметки, односно сметки кои се печатет од обичен (нефискален) принтер. Ваквите деловни објекти наместо да го користат исклучиво фискалниот апарат од овластен производител, имаат и паралелен систем кои не е поврзан со ГПРС системот на УЈП и преку кои се издаваат сметки кои значително се разликуваат од фискалните сметки, со намера за прикривање на реално остварениот промет и избегнување на плаќање на данок. УЈП веќе има поведено истражни постапки пред истражните органи на РМ, со цел кривично гонење на сторителите за сторено кривично дело „Даночно затајување“. Обиди за изигрување на законот има и со употреба на ,,стари” фискални апарати (одјавени), кои беа во примена пред воведување на ГПРС фискализацијата и интегрираниот автоматски систем за управување со фискални апарати (до 31.01.2015 година). „Старите“ фискалните сметки не се разликуваат значително од новите фискални сметки, при што граѓаните не се во можност да ја забележат разликата, односно не се во можност да утврдат дека се работи за еден вид фалсификувани сметки. На наведениот начин, даночните обврзници целосно го прикриваат реално остварениот промет и за истиот воопшто не пресметуваат и плаќаат даноци, доколку повеќе што дел од старите фискални каси се од одјавени фирми. И покрај планираните активности за превентивно делување (едукативни програми, директна комуникација и информирање на обврзниците и др.), апелираме до субјектите задолжително да издаваат фискални сметки на начин пропишан со Законот за регистрирање на готовинскиот промет, а граѓаните активно да се информираат, но и да бидат наши партнери во откривањето и пријавување на неплаќачите преку Инфо центарот 0800 33 000 и 02/3253 200.