Одржана седумдесет и втората седница на Општинскиот совет

Денес Советот на Општина Охрид, ја одржа седумдесет и втората седница. На дневен ред преовладуваа точки од урбаната сфера, од кои најголем дел се однесуваа на одлуки за вклопување на бесправно изградени објекти. На седницата се разви дискусија само во однос на точката за предлог одлуката, повеќенаменските игралишта и спортски терени да се дадат на користење и стопанисување на ЈП “Билјани извори“ и точката во однос на измените на програмата за поддршка на локалниот економски развој за 2017 година, иако и овие точки беа донесени без ниту еден глас против. Другите точки беа донесени едногласно од страна на сите присутни советници.