Работна вечера на градоначалникот Бакрачески со делегација од Израел

Синоќа градоначалникот Никола Бакрачески и претседателката на Советот на Општина Охрид Гордана Коњановска, имаа работна средба со претставници од Универзитетот Бар – Илан од Телавив, Израел. Академската делегација од Израел ја предводеше претседателот на универзитетот професор Раби Даниел Херсковиц, деканот на Медицинскиот факултет професор Ран Тур – Каспа и секретарот за академски прашања на универзитетот, д-р Ракел С. Леви Друмер.

На средбата израелските професори пројавиле интерес за системот на високото образование во Република Македонија и високо образовните институции во Охрид. На средбата биле разгледани идни можни форми на соработка во високото образование, како и во други сфери од заеднички интерес на двете пријателски земји. На средбата присуствуваше и ополномоштсениот амбасадор на Израел за Република Македонија, Дан Оријан.