СВР со детали за вчерашното убиство, кривични пријави за тројца охриѓани

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „убиство“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.С. ( 79), З.С. (45) и Д.С. ( 24) сите од Охрид.

На 23-ти овој месец, околу 17 часот и 30 минути, пред продавница на пресекот на улиците „Будва“ и „Радојца Новичиќ“ во Охрид, случено е нарушување на јавниот ред и мир со тепачка, во кое од здобиените повреди лицето С.Г.(58) колабирал и починал на местото на настанот.

Во нарушувањето на јавниот ред и мир, покрај тројцата пријавени од една, учествувале и сега починатиот С.Г.(58) и неговиот син М.Г. (29), од друга страна. Најнапред, се случила жестока вербална расправија помеѓу сега починатиот С.Г. и пријавениот Н.С. во кое се вклучил и М.Г. син на сега починатиот. По кратко време, на местото на настанот доаѓаат и во тепачката се приклучуваат, пријавените З.С. и Д.С. кои со физичка сила му нанесле повреди по главата на сега починатиот С.Г.