КУД „Oхриѓанка“ дел од фестивалот во Минтурно, Италија

Овој пат, Културно уметничкото друштво „Охриѓанка” од Охрид, во периодот од 4 до 14 јули учествуваше на 63тиот Интернационален фолклорен фестивал „Минтурно 2017” во Минтурно, Италија. Покрај македонскиот фолклорен ансамбл, на фестивалот зедоа учество и ансамбли од Мексико, Молдавија, Чиле, како и повеќе танцови ансамбли од Италија. Се одржаа повеќе настапи во различни италијански градови, како Бусо, Минтурно, Наполи и други помали места во регионот.

Уметничкиот директор Александар Петрески изјави: „Настапот на нашиот ансамбл предизвика аплаузи и овации и бевме топло пречекани и поздравени од бројната италијанска публика . Беше особено задоволство да се настапи заедно со професионални ансамбли од Мексико и Чиле, како и самата можност директно да се запознаат луѓе со различни култури и нации и да се има дружба со нив. Особена чест ни беше укажана и со приемот од страна на градоначалникот на Минтурно и претседателот на фестивалот, Г-дин Џовани Полидоро. Од страна на претседателот на фестивалот ни беа врачени благодарници и плакети за учество.

Со оваа турнеја, културно уметничкото друштво „Охриѓанка” го продолжува континуитетот од бројни настапи за негување и успешна презентација на националното фолклорно богатство.