Илинденскиот марш стартуваше од гробот на Гоце Делчев

По повод националниот празник 2-ри август, Планинарската Федерација и Агенцијата за млади и спорт традиционално го организираат Илинденскиот марш „Илинден 2017“.

По тој повод директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски во присуство на дел од групата планинари и челните луѓе на Планинарската федерација на Македонија положија свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев, со што и официјално стартуваше планинарскиот марш.

Учество ќе земат планинари од повеќе планинасрки друштва од Македонија, а маршутата ќе помина по чекорите на Илинденците низ централна Македонија, а главната цел е другарување и запознавање со убавините на Македонија.

Маршот или трансверзалата Скопје-Крушево-Охрид долга е околу 200км а предвидено е да се пешачи од 10 до 12часови. Право на учество имаат само искусни планинари, здрави и кондиционо подготвени, со задолжителен лекарски преглед.

Патот на планинарите поминува низ богати природни убавини, незаборавни планиски видици и културно-историски споменици од старата македонска архитектура и сите споменици од периодот на Илинденското Востание кои ги има во голем број на ова патување, по патеките на славните илинденци.