Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста”, СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.Ј. (35) од Охрид.
Пријавениот, казненото дело го сторил на шести минатиот месец, околу 10 часот во кругот на Центарот за возила. Тој, му упатил серија навреди и закани по живот на Ж.Ш. вработен како референтот по возила, по што физички го нападнал, го фатил за вратот и со рака го удрил во пределот на градите.
Сега пријавениот, тоа го направил откако референтот по возила, извршувајќи ги службените обврски, му укажал дека, врз неговото товарно моторно возило треба да направи „А тест“, бидејќи истото не било по облик специјално-машина за бетон туку била возило кипер. Веднаш по нападот, пријавениот М.Ј. избегал од местото на настанот, заканувајќи му се на референтот по возила дека ќе го најде после работното време.