Честитка од ВМРО-ДПМНЕ Охрид за Илинден

ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид упати честитка по повод 2 Август Илинден. Во неа стои:

„Во историскиот временски континуитет на вековната македонска борба за слобода и своја држава Втори Август – Илинден преставува најсветол датум. Датум кој се возвишува и во 1903 и 1944 година и ја обележува истрајноста на македонскиот народ но и неговата пожртвуваност за своја сопствена македонска држава. Затоа овој датум преставува симбол на македонскиот непокор и е одбележуван од сите македонци ширум светот.

Но овој празник кој има и Верски карактер и не потсетува на главните верски одлики, со што треба да се потсетиме на борците кои ги дале своите животи за денешната слобода во која живееме и токму од тука треба да започне нашето чевствување.

2 Август и во денешно време ја симболизира континуираната борба за зачувување на државноста, за истрајноста на нашите цели бидејќи тоа е основното што им го должиме на изминатите генерации но и на генерациите кои доаѓаат.

Честит Илинден!“- стои во честитката.