Нови упатства за поефикасно и контролирано трошење на парите на МЗШВ

Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство донесе нови пет Упатства со кои се регулираат сегменти од работењето на институцијата во насока на подобрување на контролата на трошењето на буџетските средства, а во интерес на поефикасна искористестеност на човечкиот и институционален капацитет на министерството.

Донесени се Упаства за службени патувања на вработените во министерството, со кои се уредува начинот, постапката како и прецизни и строги правила во исплатата на надоместокот за патни трошоци во земјата и во светот. Потоа Упаство за користење на службените телефони, со кој се уредува целиот процес од постапка за набавка и користење до износот и плаќањето на сметката. За користење на угостителски услуги на товар на буџетот на МЗШВ изготвено е Упатство со кое се регулира точно кои услуги, корисници, вид, начин и постапка за користење на угостителските услуги за службени потреби. Со новите упаства ќе се има јасен увид во трошењето на финансиските средства на МЗШВ предвидени за прекувремена работа, ноќна работа, а ќе се води поголема сметка и за користењето на службените возила на министерството.Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе продолжи да работи транспарентно и отчетно.