Утре ќе биде промовиран романот „Доилката“ од Лилјана Пандева

НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид утре организира П Р О М О Ц И Ј А на романот „ДОИЛКАТА“ од Лилјана Пандева добитник на наградата „Стале Попов“ на ДПМ за најдобро прозно остварување во 2016 година.

Воведна реч ќе има Славе Ѓорѓо Димоски. Промотор на настанот е  Проф. д-р Кристина Николовска.

Промоцијата која ќе се одржи во Прличевата одаја при НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид е со почеток во 20 часот.