Денес во седиштето на УЕФА во Нион беа извлечени паровите за плеј-оф натпреварите од Лигата Европа.
Шкендија ќе игра против Милан, додека пак Вардар ќе игра против Фенербахче.
Натпреварите од плеј-офот предвидено е да се играат на 17 и 24 август. Но, постои можност за дополнителни промени на датум на одигрување, ден порано или подоцна или пак промена на улогата домаќин/гостин на тимовите.
Победниците од плеј-оф натпреварите ќе влезат во групите од Лигата Европа. Групите ќе ги сочинуваат 48 тимови, поточно 22 тимови кои победиле во плеј-офот, 16 клубови кои автоматски влегуваат во групната фаза, како и 10 поразени од плеј-офот за Лигата на Шампиони.
WebOhrid