Литургии за Св. Петка и Св.Климент Охридски и Св.вмч. Пантелејмон

Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека утре, 08. август 2017 година (вторник), во 08:45 часот ќе се служи света архиерејска литургија во параклисот „Св. Петка“, во манастирот „св. Наум Охридски“ – Охрид, по повод празникот „Преп.мч-чка Параскева (Петка)“.

Со литургијата ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско – кичевски и администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј.

Истиот ден вечерта во 19:00 часот ќе се служи празнична вечерна богослужба во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“ – Плаошник – Охрид, по повод празникот „Св. Климент Охридски и Св.вмч. Пантелејмон“ на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г.Тимотеј.

09 август 2017 година (среда), со почеток во 08.45 часот ќе се служи света архиерејска литургија на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г.Тимотеј.

Дебарско – кичевската епархија ги повикува сите свои вернци на заедничко прославување на овие празници.