Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „спречување на службено лице во вршење на службени дејствија“‚ полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Н.О.(37) од Струга.
Пријавениот, казненото дело го сторил на петти минатиот месец во 12 часот и 15 минути во приватната здравствена заботехничка лабораторија „Сек-Смиле“, лоцирана на улицата „Моша Пијаде“ во Струга. При обид за вршење на контрола од инспектори во државниот санитарен инспекторат од подрачното одделение во Охрид, пријавениот Н.О. како сопственик на куќата каде била сместена заботехничката лабораторија, се обидел, најнапред вербално да ја спречи контролата, а потоа и физички да се пресмета со претставникот на државниот санитарен инспектор.
Обидот за физички напад од сега пријавениот кон овластеното службено лице, го спречил доктор вработен во лабораторијата. Бидејќи инспекторите биле спречени да ги извршат службените дејствија и немало услови за вршење на предвидената контрола, тие ја напуштиле здравствената заботехничка лабораторија. При нивното заминување, пријавениот Н.О. од балконот на куќата фрлал со саксии кон санитарните инспектори со намера да ги повреди.