Натпреварот Вардар – Фенербахче ќе биде организиран по примерот на УЕФА Супер-Купот

Натпреварот помеѓу Вардар и Фенербахче кој што ќе се игра утре (четврток) со почеток во 20:00 часот на „Телеком Арената“, во договор со МВР, ќе биде организиран по примерот на европскиот Супер-Куп кој што се одигра минатата недела.

ФК Вардар доби казни од страна на УЕФА за минатите два натпревари, за истакнување на неонацистички знамиња, за употреба на пиротехника, за седење на скали и за извикување против УЕФА.

При влезот ќе бидат одземени секаков вид на знамиња и пиротехника, а секој оној кој ќе седи на скали ќе биде веднаш отстранет од стадионот од страна на обезбедувањето. Да не се носат цврсти предмети: запалки, ситни парички и разни предмети.

Се замолуваат сите за фер и коректно навивање за Вардар да се заштити од нови казни од УЕФА.

Околу стадионот за време на натпреварот ќе има посебен режим за движење на пешаци, а до стадионот со автомобили може да влезат само имателите на акредитација за паркинг.

Вратите на стадионот ќе се отворат во 17 часот, а ќе бидат затворени на во 19:30 часот, на 30 минути пред почетокот на натпреварот.

WebOhrid