Се чистеше во с. Завој и патот кој води до него

Во текот на вчерашниот ден, како и денес, дел од екипите на ЈП „Охридски Комуналец” беа ангажирани на расчистување во с. Завој, како и патот кој води до него. Се косеше тревата по страните и се кастреа трњето покрај патот и неуредната вегетација, со цел да се зголеми прегледноста и безбедноста за возилата.