Светски ден на хуманоста

Светскиот ден на хуманоста е време да се препознаат оние кои се соочуваат со опасност и катастрофа со цел да им се помогне. Денот е назначен од страна на Генералното собрание на Обединетите нации за да се совпаѓа со годишнината од бомбардирањето на седиштето на ОН во Багдад, Ирак во 2003 година.

Светскиот ден на хуманоста е исто така можност за да се прослави духот што ги инспирира хуманитарните работи во целиот свет.

За оваа година, хуманитарните партнери се здружија заедно да потврдат дека цивилите нема да се мета при конфликти. Преку глобална онлајн кампања со иновативно партнерство со Фејсбук во живо, заедно со настани што се одржуваат низ целиот свет, ќе ги подигнеме нашите гласови да се залагаме за најранливите во воените зони, барајќи од светските лидери да направат се што е во нивна моќ за да ги заштитат цивилите при конфликти.

WebOhrid