Албански државјанин лишен од слобода на ГП „Ќафасан“

На 18.08.2017 година во 15.31 часот на Граничен премин „Ќафасан“, за излез од Република Македонија се пријавил K.С. (55) од Република Албанија. Од извршените проверки било констатирано дека K.С. се наоѓа на листа за потраги со мерка „Апси“ поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“, поради што требало да се спроведе до затворот Скопје.

K.С. бил лишен од слобода и во 16.30 часот, бил предаден на полициски службеници од ПС Струга за понатамошна постапка.