Вчера околу 20:00 часот на телефонскиот број за итни повици 195 Центарот за управување со кризи добил известување од две лица дека се изгубиле на планината Пелистер и дека се во добра здравствена состојба. Од нив биле добиени координатите за локацијата на која се наоѓаат по што веднаш биле известени во Дирекцијата за заштита и спасување – Битола од каде биле испратени тројца планинари.
Лицата се пронајдени утрово во 02:40 часот.