Светите маченици Тријандафил и Анастасиј

Денес е празник посветен на Светите маченици Тријандафил и Анастасиј.

Тријандафил беше родум од Загора, а Анастасиј (Спасо) од Радовиш, од струмичката епархија. Обајцата беа Словени, обајцата млади и прости луѓе. Но, љубовта Христова им беше помила од светот и од животот. Животот го дадоа, но Христа не Го изневерија.

За Христовата вера пострадаа од Турците, и тоа Тријандафил во Цариград 1680 година, а Анастасиј во Солун, 1794 година.