Започна летниот фудбалски камп на школата за фудбал на ФК Барселона.
Во една одлична фудбалска атмосфера, под раководство на врвните фудбалски тренери од школата на Барселона, позната како BESCOLA, 7 дена, учесници од цела Македонија ќе можат да уживаат, да се дружат и секако да ги усовршат своите фудбалски знаења. Тука се и локалните фудбалски тренери кои што работат заедно со тренерите од школата на Барселона и исто така се на висина на задачата.
Се тренира 2 пати на ден, и тоа во групи од по 10-12 деца. Атмосферата во кампот е одлична, тренерите од Шпанија се презадоволни од условите што ги нуди градот Охрид и СРЦ Билјанини Извори за одржување на вакви спортски проекти.
Кампот трае до недела, 27 Август, кога со завршувањето сите учесници ќе се стекнат со дипломи од школата, а ќе има и изненадувања.