Презентиран отчетот на градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески

Градоначалникот Никола Бакрачески денес во големата сала на Општина Охрид, го презентира Отчетот за сработеното во неговиот мандат.

„Гордо исправени пред Вас, да го презентираме отчетот за нашето четиригодишно работење како потврда на нашиот завет пред вас, тогаш кога ја баравме вашата доверба – а тоа е определбата за одговорно, отчетно и транспарентно работење во служба на Охрид и охриѓани. Тоа е рефлексија на нашиот и ваш труд која видно ја разубави сликата на градот и значајно ги подобри условите за живот на нашите граѓани. Покрај другите начини за презентирање на нашите резултати што континуирано и транспарентно го правевме во текот на целиот мандат , се определивме Отчетот за сработеното во изминативе четири години, да има и печатена верзија. Во ова издание, на 260 страници, низ текст и фотографии се претставени само дел од поголемите проекти, но она што е поважно – овој печатен документ е, и ќе биде сведоштво за идните генерации, да се потсетуваат како со напорна работа, истрајност и чесност, во исклучително тежок период на долгови и политички кризи се постигнуваат вредни резултати.“ – рече на почетокот на презентацијата градоначалникот Никола Бакрачески.

ОТЧЕТ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НИКОЛА БАКРАЧЕСКИ АПРИЛ 2013 – 2017