Охриѓанец измамил сограѓанин кој живее во Австралија дека ќе му изгради куќа во Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.З. (71) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама”.

Во текот на февруари годинава пријавениот, по претходен телефонски разговор со Ш.Ш. (79) од Охрид со место на живеење во Австралија, го довел во заблуда оштетениот дека ќе му изгради куќа во Охрид. По ова оштетениот на синот од пријавениот му уплатил 50.000 австралиски долари, а во текот на мај годинава, кога дошол во Охрид, му дал уште 38.000 австралиски долари. Оштетениот отишол во општина Охрид да праша за градењето на куќата, а откако му било кажано дека на парцелата не може да се гради, од пријавениот побарал да му ги врати парите. До денот на пријавување, А.З. не му ги вратил парите.