СЕП трибина за унапредување на искористувањето на средствата од ИПА

Денес во 12:00 часот во просториите на Секретаријатот за европски прашања ќе се одржи трибина посветена на „ИПА: ПРЕСЕК И СОСТОЈБА- Унапредување на апсорпцијата на ИПА средствата“, на која, како поканети се претставниците на ИПА структурата и граѓанските организации.

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи, заедно со претставници од администрацијата на Секретаријатот за европски прашања ќе ја презентираат состојбата со распределбата на средствата од ИПА.

На трибината ќе се разговара и за пречките за реализација на проектите, предизвиците со кои се соочува ИПА структурата за унапредување на апсорпционата моќ на државата, како и за можностите за поефикасно искористување на средствата од ИПА. Целта на ова трибина е да се запознае ИПА структурата, но и невладиниот сектор, со состојбите, пречките и предизвиците од кои зависи реализацијата на средствата од ИПА, учесниците да ги претстават своите мислења околу ИПА системот, и на крајот, да се разменат мислења и предлози околу мерките и активностите кои треба да ги содржи новиот Мастер план за реформа на ИПА.