Вардар ќе игра против Зенит, Реал Сосиедад и Розенборг во групната фаза од Лигата Европа

Денес во Монако по групи беа распоредени тимовите за натпреварите од групната фаза во Лигата Европа.

Во 12-те групи од Лигата Европа ќе играат вкупно 48 тимови, од кои 16 тимови директно обезбедија учество во групите од Лигата Европа, 10 клубови кои изгубија во плеј-офот за Лигата на шампиони, како и 22 тимови кои вчера победија во плеј-офот за Лигата Европа, меѓу кои и нашиот Вардар.

Вардар ќе игра во Групата Л против Зенит, Реал Сосиедад и Розенборг.

Натпреварите ќе се играат на 14 и 28 септември, 19 октомври, 2 и 23 ноември и 7 декември.

WebOhrid / фото: uefa.com