Нашите интернационалци во голгетерска форма

Езѓан Алиоски го постигна својот прв гол за тимот на Лидс Јунајтед во англискиот шампионат. Денес, неговиот тим гостуваше против Нотингем Форест и успеа да победи со 0:2. Стрелец на вториот гол за Лидс беше токму нашиот репрезентативец Алиоски.

Во италијанската Серија Б, Палермо победи со 2:0 против Специја, а стрелци на головите беа нашите репрезентативци Александар Трајковски во 10 минута и Илија Несторовски во 53 минута.

Во шпанската Ла Лига, Леванте и Депортиво ла Лоруња одиграа 2:2, а нашиот репрезентативец Барди го постигна својот деби гол за Леванте во 35 минута, кога го намали резултатот на 1:2.

Во турската Суперлига, Гозтепе го победи Трабзонспор со 3:2. Третиот гол за Гозтепе го постигна нашиот интернационалец Адис Јаховиќ во 67 минута.

Мирко Ивановски постигна гол за Белупо во натпреварот кој неговиот тим го одигра 2:2 против Рудес, во хрватската Прва лига.

WebOhrid / фото: palermocalcio.it