Почина седуммесечно бебе во Струга

Вчера во 10:20 часот во ПС-Струга било пријавено дека истиот ден во 09:30 часот во Струга, во семејниот дом М.К. ја пронашол, без знаци за живот, својата седуммесечна ќерка. Истиот се обидел да даде вештачко дишење, а потоа со такси возило го однел детето во Детското одделение при Јавната Здравствена Установа-Струга, каде дежурните лекари констатирале смрт. Од извршениот надворешен преглед над телото на починатото бебе не биле констатирани траги на насилство. По наредба на Јавен Обвинител, телото на починатото дете е предадено на семејството за погреб.