ВМРО-ДПМНЕ Охрид со честитка за празникот Голема Богородица

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид упатува искрени честитки до сите верници од православна вероисповед по повод големиот христијански празник – Успение на Пресвета Богородица и Ви посакува добро здравје, радост и среќа.

„На овој голем христијански македонски празник ја славиме љубовта и добродетелта на мајката Божја, присетувајќи се на најголемата љубов, мајчинската, која е светлина и патоказ во животот на секој верник. Вознесот на мајката Божја, најдостојната меѓу сите жени и заштитничка на народот кон небото е симбол на големата вера и трпение како духовни вредности кон кои треба да се стреми секој еден верник. Затоа, со силата на нејзиниот благороден лик и со нејзиното свето име, Ви посакуваме на сите православни македонски верници, здравје, љубов и многу благодет во Вашите домови и семејства.

Да ни е честит празникот и за многу години!“-  се вели во честитката.