Доделен училишен прибор и чанти на првачињата во Општина Дебрца

Денес во просториите Општина Дебрца градоначалникот Игор Трајкоски имаше средба со најмладите првачиња во Општина Дебрца.

Како и претходните години така и оваа година благодарение на  Драган Капинков од фондацијата „Капинков,“ на првачињата во Општина Дебрца им беа доделени чанти и училишен прибор.

Воедно Градоналникот Игор Трајкоски им посака успешна учебна година и успешен образовен процес.