Премиерот Заев во чест на жртвите од Холокаустот, положи венец, присуствуваше на молитва и засади дрвце на мирот во Ерусалим

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зораз Заев, придружуван од владината делагација со којашто е во Израел денеска беше во посета на Јад Вашем во Ерусалим, Меморијалниот центар на Холокаустот.

Премиерот Заев положи венец во име на Република Македонија, во Холот на Сеќавањето, за 6-те милиони Евреи, жртви на Холокаустот и присуствуваше на молитвата за загинатите, меѓу кои и деца.

„Длабоко ме допреа сеќавањата, низ `се што видовме и дожиеавме при нашата посета на Меморијалниот центар. Никогаш да се повтори ова, никому во светот,“ е пораката што ја напиша премиерот Заев во отворената Книга на сеќавањата.

Претседателот на Владата, Заев потоа засади дрвце на мирот во Шумата на нациите, исто така во Ерусалим.

„Се сеќаваме на минатото за да `не потсетува постојано колку е важно да бидеме хумани. Споделувањето `не прави уште поблиски. Дрвцето што го засадувам овде е во чест на спокој и просперитет на сите граѓани во светот,“ рече премиерот Заев.

Претседателот на Владата, Заев, оцени дека официјалната посета на делегацијата од Република Македонија на Израел е нов прозорец во соработката меѓу двете држави.

Активностите на премиерот Заев продолжија со обраќање на Израелскиот совет за надоврешни работи, а попладнево тој ќе се обрати и на Бизнис форумот што го организранизира Владата на Република Македонија.