ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид упати честитка по повод успехот на РК Охрид 2013. Во неа стои:
„ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид упатува големи и срдечни честитки за РК Охрид 2013 кој испишува историја во охридскиот ракомет.
Пофалби до играчите, стручниот штаб и раководството на ракометниот клуб Охрид 2013. Со вашите настапи покажавте дека тим на талентирани спортисти можат да бидат успешни ако работат заедно за постигнување на заедничка цел. Ова е голем успех, и за вас, и за Охрид, и за сите нас. Бидете горди на тоа.
Ви посакуваме успех на целиот тим и во иднина.“– стои во честитката.
http://www.webohrid.com/2017/09/03/rk-ohrid-go-pobedi-volendam-i-odi-vo-slednata-runda-od-ehf-kupot/