Европски разговори со европски пријатели

По разговорите со Виолета Булц, еврокомесар за мобилност и транспорт и МНР на Романија Теодор Малескану, шефот на македонската дипломатија Никола Димитров се сретна и со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини со која, како што изјави Министерот беше разговарано за европските приоритети на Македонија: „”Во регионот не треба да се плашиме да разговараме отворено за минатото, но не смееме да се дефокусираме од дискусијата за иднината, затоа што и иднината и вредностите што ги споделуваме се европски” – вели Димитров.

Во тој контекст се разговараше и со министерот за Европа на Франција Натали Лузеау, МНР на Малта Кармело Абела и МНР на Унгарија Петер Сијарто, дека за иднината на Балканот исклучително важни се и реформите и европската перспектива да бидат реални и кредибилни. На што МНР Димитров додава „Непредвидливоста која ја обременува Европа и светот е сигнал дека ние во регионот мораме да ги забрзаме европските интегративни процеси“.