Во Охрид ќе се спроведе превентивна системска дератизација

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести ( Сл. весник на РМ 66/2004, 139/2008 , 99/2009, 149/2014 и 150/2015) екипата на ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид на ден 05.09.2017 год. и 06.09.2017 ќе спроведе системска дератизација.

Со оваа дератизација ќе бидат опфатени стариот дел на градот, населба Билјанини извори, Гоце Делчев, Воска и Далјан како и по улиците Туристичка, Питу Гули, Железничка, Јане Сандански, 7ми Ноември, Марко Нестороски, Кеј Маршал Тито, Македонски просветители, Момчило Јорданоски, Прва македонска ударна бригада.