Македонија У21 со триумф ги започна квалификациите за ЕУРО 2019

Македонската млада репрезентација под 21 година (У21) ја започна одисејата во квалификациите за наредното Европско првенство, кое ќе се игра во 2019 година во Италија и Сан Марино.

Избраниците на селекторот Благоја Милевски успеаа со 0:3 да ја совладаат Ерменија и со победа да ги стартуваат овие квалификации.

Хет-трик за нашата репрезентација постигна Тихомир Костадинов со головите во 8, 26 и 72 минута.

На табелата водат Русија и Ерменија со по 4 бодови. Русија има одиграно два натпревари, а Ерменија три. Следуваат Србија, Австрија и Македонија со по 3 бодови од 1 средба, додека пак на дното е Гибралтар без бодови по 4 одиграни средби.

Следниот натпревар Македонија У21 ќе го игра на домашен терен, на 6 октомври против Србија У21.

WebOhrid