Конкурс за деца и млади по повод Светскиот ден на штедењето – 31 октомври 2017

КОНКУРС ЗА ДЕЦА И МЛАДИ ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА ШТЕДЕЊЕТО – 31 ОКТОМВРИ

НАРОДНАТА БАНКА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ И АГЕНЦИЈАТА ЗА СУПЕРВИЗИЈА НА ОСИГУРУВАЊЕ 

ОБЈАВУВААТ КОНКУРС ЗА ДЕЦА И МЛАДИ ОД ОСНОВНОТО И СРЕДНОТО ОБРАЗОВАНИЕ. 

АЈДЕ ДА ГО ПРОСЛАВИМЕ СВЕТСКИОТ ДЕН НА ШТЕДЕЊЕТО ‒ 31 ОКТОМВРИ СО СЛИКАЊЕ ЦРТЕЖ И ПИШУВАЊЕ ПЕСНА:

ПРВА КАТЕГОРИЈА НА ТЕМА:

Ш Т Е Д Е Њ Е ‒ „И ЈАС УМЕАМ ДА ШТЕДАМ“

ВТОРА КАТЕГОРИЈА НА ТЕМА:

О С И Г У Р У В А Њ Е ‒ „ШТО ЗНАЧИ ЗА МЕНЕ ОСИГУРУВАЊЕТО НА ДОМОТ И СЕМЕЈСТВОТО“

– Учениците од основното образование треба да испратат на конкурсот литературна и/или ликовна творба ‒ поезија  на една или на двете зададени теми.
– Учениците од средното образование треба да испратат на конкурсот литературна и/или ликовна творба ‒ поезија на една или на двете зададени теми.

Крајниот рок за доставување на творбите е 16 октомври 2017 година.

Со цел да се заштити работата на учениците, Ве молиме потпишете ги Вашите творби (цртеж/песна), на следниов начин. На задниот дел на творбите (цртеж/песна) задолжително да се наведат следниве информации:
– Име и презиме на детето,
– Училиштето каде што детето посетува настава (град/одделение/година/клас),
– Име на родителот или старателот со адреса на живеење и
– Мобилен телефон за контакт на родителот/старателот/наставникот.

Ве молиме испратете ги Вашите творби (цртеж/песна) по пошта или доставете ги на рака, на следнава адреса:

За конкурсот во прва категорија (творба ‒ основно образование и творба ‒ средно образование), на тема:
„И ЈАС УМЕАМ ДА ШТЕДАМ“

Народна банка на Република Македонија
бул. „Кузман Јосифовски-Питу“ бр. 1, 1000 Скопје

За конкурсот во втора категорија (творба ‒ основно образование и творба ‒ средно образование), на тема:
„ШТО ЗНАЧИ ЗА МЕНЕ ОСИГУРУВАЊЕТО НА ДОМОТ И СЕМЕЈСТВОТО“

Народна банка на Република Македонија
бул. „Кузман Јосифовски-Питу“ бр. 1, 1000 Скопје

За избраните најдобри творби (цртеж/песна), на учесниците ќе им бидат доделени 24 награди, и тоа:
– по шест награди за најдобар цртеж во двете категории и
– по шест награди за најдобра песна во двете категории.

На авторите на најуспешните творби ќе им биде доделена парична награда во износ од 3.000 денари со депонирање на паричниот влог во банка по нивен избор.

Списокот на наградени ученици, датумот и локацијата на доделувањето на наградите ќе бидат објавени по 16 октомври 2017 година, на интернет-страниците на трите институции: на Народната банка http://nbrm.mk/, на Министерството за финансии http://finance.gov.mk/ и на Агенцијата за супервизија на осигурување http://aso.mk/.

За подетални информации Ве молиме обратете се на електронската пошта: contact@aso.mk или edukacija@nbrm.mk