Денес се одржа спортската манифестација под мотото ,,ТРЧАЈ, ИГРАЈ, АКТИВИРАЈ СЕ” која е во рамки на одбележување на Денот на независноста ,,8 Септември”. Место на одржување беше на кејот на реката Вардар, каде се собраа голем број млади луѓе кои дојдоа да се дружат, да играат, трчаат и пред се, кои разменија нови идеи и започнаа нови другарства.
Во рамки на спортскиот настан се организираа натпреварувања во одбојка на песок, кајак, крос фит, искачување на карпа, скејт активности, а главниот настан беше рекреативната атлетска трка на која учествуваа скоро сите учесници. Исто така овој собир имаше и еколошки карактер, бидејќи беше организирана и еколошка акција за чистење на кејот на Вардар.