Ќе се одбележи Светскиот ден за Прва помош

Повеќе од  150 години, Црвениот крст и Црвената полумесечина  е лидер  во светот во обезбедувањето на обуки  и реализација на активности во делот на првата помош.

И Црвен крст Охрид како едно од своите приоритетни залагања го има ширењето на знаењата и вештините за укажување на прва помош со цел тие да бидат достапни за сите како хуманитарен акт кој ги овластува  луѓето да спасуваат животи и да помогнат во закрепнување од  нагло настанати заболувања или повреди.

Со посебно внимание се фокусираме на одбележувањето на овогодинешниот Светски Ден за Прва помош (9 септември),  ден за промовирање на знаењата и вештините за првата помош, за придонес во промените за проширување и подобрување на обуките за првата помош како хуманитарен чин и клучна компонента за еден посовремен и поширок пристап.  Тоа е прилика да се допре до пошироката јавност во обид  да го промениме начинот на кој размислуваат за првата помош.

Оваа година главната тема е “Несреќи во домот” која упатува на превентибилни или несакани повреди кои се појавуваат во домашни услови. Несреќите во домот можат да ги зафатат сите популации, без разлика на нивниот пол, години, приходот или географската положба.

Домовите често се перцепираат како сигурни места, но за жал тие се местата каде што се слушуваат  80% од несреќите. Во Европа само, преку 300 милиони лица страдаат од несреќи во домот секоја година, од кои повеќе од 7000 се фатални.

Во Светски рамки, најчестите превентибилни повреди кои се јавуваат во домовите се резултат од електрични шокови,изгореници,труење,задушување,давење,загуба на сознание, срцев удар и пад.Алармантно, но давењето е меѓу 10-те водечки причини за смртност кај децата и младите лица во секој регион на светот.

Несреќите во домот се најчесто превентибилни и се резултат на недостаток на свесност за ризик факторите, непочитување на правилата и стандардите за безбедност, или од опасни апарати или хемиски супстанции.  Промоцијата на култура на безбедност и превенција може да ги редуцира многуте повреди и несреќи во домот.

Од тие причини Црвен крст Охрид активностите за одбележување на Светскиот ден за прва помош ќе ги насочи кон семејствата во домовите и старите лица кои живеат сами. Екипи за прва помош на Црвен крст Охрид на 8 и 9 септември 2017 ќе посетуваат семејства во повеќе делови од градот Охрид но и во руралните средини каде ќе презентираат основни знаења, техники и вештини за укажување на прва помош при најчести повреди кои можат да се случат во домот. На 11 септември 2017 заедно со волонтерите од Програмата за грижа за стари лица ќе ги посетат домовите на стари лица кои живеат сами со цел да им посочат на некои опасности и несреќи кои можат да се случат во домот и да им пренесат знаења и техники за укажување на прва помош и самопомош, соодветни на нивната возраст.

Централниот настан на одбележување на Светскиот ден за прва помош ќе се реализира на 8 септември (петок) на Градскиот плоштад Св.Климент Охридски во Охрид каде од 12 ч. се предвидени јавни едукативни презентации на најнови знаења и техники за укажување прва помош од страна на инструктори по прва помош и екипите на парамедици на Црвен крст Охрид, со симулации на повреди и несреќи кои можат да настанат во домовите.

Во рамки на оваа манифестација тренерите и инструкторите на Бреинобреин и програмата Детскиот час за приказни на англиски јазик, пред заинтересираните родители и деца ќе ги презентираат програмите и придобивките од нив, а ќе вршат и уписи на нови деца.