Охридскиот народен театар ќе гостува на фестивалот „Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка

Народен театар Охрид, во четврток 14.09.2017 ќе гостува на седмиот по ред Интернационален театарски фестивал „Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка. Охридскиот Народен театар, со почеток во 20:00 часот ќе ја изведе претставата „Аналфабет” – комедија работена според Бранислав Нушиќ, а во режија на Ѓорѓи Ризески.

Во претставата играат: Горан Стојаноски како Максим Благадуша, Никола Тодороски како Митре П. Клатипатлак, Стрезо Стаматовски како Румен Вујаклија, Елизабета Стефановска како Магдалена Лапајкоска – Дупева.

Сценограф на претставата е Зоран Николовски, а костимите се на Ванчо Василев.