Основни училишта од Охрид и Дебрца добија прибор од акцијата „Дарувајте радост на првачињата“

Во рамки на хуманитарната собирна акција под мотото „Дарувајте радост на првачињата“, младите на Црвен крст Охрид собираа училишен прибор кој денес го донираа во 7 основни училишта во Охрид и Дебрца, наменета за 114 првачиња.

Од Црвениот крст Охрид изразуваат благодарност до поединците, фирмите и институциите кои ја помогнаа оваа хуманитарна акција.