Средба на министерот Дураки со амбасадорот Бејли

Денеска, министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки оствари работна средба со амбасадорот на Соединетите Американски Државиво Република Македонија, Н.Е. Џес Бејли.

На средбата се разговараше за досегашната соработка меѓу двете држави која покажа одлични резултати, при што успешно беа реализирани повеќе проекти и програми во областа животна средина како и за идна соработка која соодветствува со приоритетите на УСАИД за Р. Македонија.