ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид официјално го соопшти кандидатот за градоначалник, како и носителот на листата на советници на град Охрид за претстојните локални избори.
„Со одлука на извршниот Комитет на огромно задоволство Ве известуваме дека д-р Митко Тилевски е кандидат за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори на 15 октомври. Носител на советничката листа е претседателот на ОК д-р Кирил Пецаков.
Во ВМРО-ДПМНЕ владее победничка и еуфорична атмосфера. Членството никогаш не било посплотено и единствено, целосно подготвено да одговори на сите предизвици на локално ниво.
Со голема мотивираност и водејќи се од одговорноста и посветеноста на работата, умереноста, исполнителноста, високата поддршка што ја има меѓу граѓаните, угледот и кредибилитетот д-р Митко Тилевски и ВМРО-ДПМНЕ гарантираат спроведување на сериозно подготвена програма и сигурна победа уште во првиот круг.
Целта на ВМРО-ДПМНЕ е успешна мисија и докажување на граѓаните дека секогаш работи во интерес на охриѓани и Охрид да биде модерен и просперитетен град јасно застанувајќи и борејќи се против деструктивната политика на СДС.
Д-р Митко Тилевски роден 1962 година во Скопје има завршено Медицински факултет. Специјалист-педијатар, поранешен пратеник во Собранието на РМ, деценија директор на една од најуспешните болници во регионот, болницата за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо Охридски“. Оженет, сопруг и татко на две деца.
Почитувани граѓани,
Ве повикуваме одлучно да застанеме зад овој заеднички подвиг, за доброто на Охрид и ги покануваме сите граѓани, да ни се приклучат во кампањата за продолжување на делата за добра иднина на нашиот древен град.
На 15 октовмри уште во првиот круг д-р Митко Тилевски за градоначалник на Охрид.“ – стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.